Поимот гликемија или шеќер во крвта го означуваколичеството на гликоза во крвта. Гликозата е главен извор на енергија за клетките во организмот инајопштиот показател наметаболизмот на јаглехидратите( шеќерите ). Кај здрави луѓе вредностите на шеќер во крвта на гладно се помеѓу 3,89 и 6,1 mmol/l. Кај болни со диабет за проценка на ефективноста од лекуавњето :диетаилидиета во комбинација со медикаменти– таблетки или инсулин , се прави комплетенпрофил. Се испитува шеќерот во крвтаво различни периоди на денот, кои ќе ги определи лекар, така што при некои од мерењата пациентот да е на гладно, а при други после хранење. Во болнички услови, гликемијата може да се изспитува и на 3 часа, ав амбулантски услови(за следење) најчесто се прави 4-кратен профил: напр. в 7, 12, 15 и 18 часа - така три од мерењата се на гладно и едно по хранење. По добиените вредности се суди за метаболната компензација на диабетот, т.е. постигнати ли се целните вредности на шеќерот во крвта, при кои ризикот од компликации на диабетот е сведен до минимум