Уреата е краен продукт од метаболизмот на протеините во организмот. Синтезата на урета се извршува единствено во црниот дроб од CO2 ( јаглероден диоксид ) и NH3 ( амонијак ) . За разлика от амонијакот , уреата не е токсична. Таа се разтвора добре во вода, преминава преку сите мембрани, които се пропустливи за вода, поради што се разпределува рамномерно во ткивата на организмот. Поголем дел од создадената уреа се отделува преку бубрезите , малки количества се секретираат преку органите за за варење и кожата.
Нормално во организмот уреата е со вредности помеѓу 7 и 25 mg в 100 ml крв. Во много случаи уреата може да се зголеми или намали и нејзиното испитување може да даде добра информација за состојбата на организмот.
Концентрацијата на уреа се зголемува над границите на нормата при :
консумирање претежно на храна богата на протеини;
зголемено разградување на протеини како резултат на инфекции, температура, тежки травми, тумори и други;
дехидратација на организмот – обилни изпотувања , повраќање, пролив и други;
заболувања на бубрезите
Концентрацијата на уреа се намалува под границите на нормата при:
сиромашна со протеини храна;
тежки заболувања на црниот дроб;
по време на нормално бременост.
Концентрацијата на уреа може да се зголеми или намали и во многу други случаи освен во изброените погоре.