Вo сoставот на човечкиот организам учествуваат над 60 олигоелемента во много ниска концентрација. Повеќето од нив се животно важни и абсолутно необходни за нормалното функционирање на организмот. Општото количество на железо кај возрасен човек е около 0.7 mmol/kg кај жени и около 0.9 mmol/kgкај мажи или за просечна телесна тежина од 70-80 kg е 63-72 mmol (3,5-4,5g). Поголемиот дел 62-66% се наоѓа во црвените крвни клетки /еритроцити/, во структурата на хемоглобинот. Около 14-16% се наоѓа во миоглобинот /мускулно ткиво/ и во редица ензими. Поради неговото учество во различни биолошки процеси, тоа железо се определува како функционално. Другите 20-30% од општото железо во организмот е складирано главно во црниот дроб и коскениот мозок, а останатото количество - во слезинката и другите ткива. Тоа е т. нар. резервно железо. Во крвната плазма железото е присутно со 0,2% од неговото општо количество.
Слободното железо e силно токсично и релативно нерастворливо. Од таа причина целото количество во плазмата е сврзано со транспортниот протеин трансферин.Трансферинот се образува во црниот дроб при што го сврзва слободното железо во организмот и го транспортира до коскениот мозок за синтеза на хемоглобин или во депоата со резервно железо.
Основен извор на железо за организмот са разлочни видове храни: месо, јаца, варива, риба, плодови и зеленчуци. Од нив организмот резорбира около 10% от желязото, при зголемени потреби резорбцијата може да се зголеми и до 100%. Железотоо се ослободува во оранизмот и при разградување на функционално остарените еритроцити (црвени крвни клетки), како и од резервни депа.
Секојдневните потреби од железо за организмот се индивидуални и зависат од многу фактори како пол, возраст, начин на хранење, професия. Потребите од железо се зголемени во следните случаеви: жени со обилна менструација, бременост, доење, во периода на засилен растеж – деца, при зголемена физичка активност.
За подетална интерпретација на Вашите биохемисkи испитувања на крвта од медицински лица, напишете ни тука